Борко, Гога, Кедев и Дурловски ќе му помагаат на Мицкоски во „обновата на Македонија“

Професори, доктори по наука, експерти и аналитичари образовани на престижни меѓународни универзитети, надпартиски личности вчера ја добилe поддршката од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да бидат дел од тимот на лидерот Христијан Мицкоски.

Како што соопшти на прес-конференција Мицкоски, тимот на стратешки соработници, домашни и странски, ќе се проширува и тие ќе му помогнат во „обновата на Македонија“.

Во тимот на Мицкоски се: професорката Гордана Силјановска – стратешки соработник од областа на правото и политичкиот систем. Сашко Кедев – медицина и здравствени политики. Владимир Дуковски професор во пензија стратешки соработник за технолошки развој. Стратешки соработник за економија е Хозе Караско вонреден професор во Мадрид, Шпанија, Игор Дурловски стратешки соработник за култура, Влатко Гигов, државјанин на Швајцарија за стратешки соработник за нови производи и медиуми и Јанко Баждавела, од Њујорк.

За прашања од областа на спортот стратешки соработник е Борко Ристовски, за енергетика Сања Божиновска, Ака Махмуд од областа на туризмот, косопственик на ЕРЕК групацијата. За прашања на трудово парво вонреден професор Лазар Јовевски, за машинска индустрија и екологија Зоран Марков професор на Машински факултер. За интелектуална сопственост професор Гоце Наумовски. За бизнис и оргнизациски стратегии професор Гоце Андреевски, за корпоративно право Александар Климовски и за банкарска политика Коста Митровски.

– Мојата визија за Македонија е земја која ќе биде напредна. Нам ни е потребна обнова во секој сегмент на општеството – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот