Борисов: Двете страни мора да направат компромис за некои теми

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов/Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL

Поранешниот бугарски премиер и лидер на најголемата парламентарна опозициска партија, Бојко Борисов, за време на посетата на Силистра, коментираше дека се важни историските прашања, историјата, работата на учебниците, натписите и спомениците, пренесува БГНЕС.

Борисов потсети на напорите на Бугарија направени уште од времето на претседателот Жељу Желев до потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, поддржан од сите политички партии во Бугарија. Во него, според Борисов, е кажано што треба да се направи и какви комисии треба да има.

Тој рече дека вчера дознал „оти Република Северна Македонија нема да има територијални претензии кон Бугарија”.

-Толку години пред мене ниту еден македонски политичар не си дозволил да каже такво нешто – дека се откажуваат и нема да имаат територијални претензии кон Бугарија, рече поранешниот премиер, потсетувајќи дека Бугарија прва ја поддржа Република Северна Македонија за влез во НАТО, прва ја призна нејзината независност и сака таа да влезе во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот