Борел: Односите на ЕУ со Турција моментално не се добри

Односите со Турција во моментов не се добри и ќе бидат на врвот од агендата на оваа средба, изјави шефот на европската дипломатија Jозеп Борел по пристигнувањето во Брисел на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Агенциите информираат дека Борел најавил „интересна дискусија” за начините за надминување на оваа состојба, потенцирајќи дека денешната сесија ќе биде прва по долго време накоја учесниците ќе бидат физички присутни.

Борел најави дека на Советот ќе се разговара и за односите со Латинска Америка, во контекст на пандемијата на коронавирусот и проблемите со кои се соочува овој дел од светот, како и за Либија, Венецуела, Африка и резултатите од дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Земјите-членки на ЕУ, исто така, се очекува да зборуваат и за ситуацијата во Хонг Конг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот