Боксерка, мајка, жена со политичка кариера – кандидатка на француската десница за претседателка

Валери Пекрес
Валери Пекрес, кандидатка за претседателка на Франција / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Валери Пекрес ќе биде кандидатка на француската десничарска партија Републиканци (Les Republicains) на претседателските избори, што се закажани на пролет.

Поранешната министерка денеска во вториот круг од партиските избори освои 60,95 отсто од гласовите и го победи Ерик Чиоти кој доби 39,05 проценти  од гласовите.

Во првиот круг беше поразен поранешниот преговарач на Европската унија за Брегзит Мишел Барние, но и фаворитот на партиските избори Ксавиер Бертранд. Веднаш по објавувањето на резултатите, двајцата и дадоа поддршка на Пекрес.

Пекрес беше министерка за буџет во времето на десничарскиот претседател Никола Саркози, а исто така беше и советничка на Жак Ширак, а минатата година беше споменувана како можен нов премиер, пред именувањето на Жан Кастекс.

Таа се залага за цврста, но секуларна и еколошка десница, како и за родова еднаквост во деловната и социјалната сфера.

Пекрес го осудува сексизмот кој владее во политиката.

– Ако мажот почне да вика, се вели дека има карактер и дека е лидер. Ако тоа го направи жена се смета дека ги изгубила нервите и оти има напад на хистерија, изјави Пекрес.

Таа е мајка на три деца, а во слободно време се занимава со бокс и е голем обожавател на Достоевски и Толстој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот