Богоев: Заев и Гаши разговараа за основни работи, Алтернатива треба да биде новиот владин партнер

Стефан Богоев / фото: Канал 5/принтскрин

На првата средба меѓу СДСМ и Алтернатива е разговарано за основите, односно за концептот, изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев во вечерашното гостување на Канал 5.

Тој додаде дека предлагање на нова Влада подразбира и предлагање на нова владина програма. Владината програма која што лани беше усвоена на владејачката коалиција по јулските избори 2020, сега ќе претрпи измени, бидејќи во Владата би требало да влезе нов политички субјект, а тоа е Алтернатива и тоа беше фокусот на првата средба, рече Богоев.

Според Богоев, утре се одржуваат седници на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ, Алтернатива има претседателство, а во меѓувреме се користи времето да се разговара со коалициските партнери и да се запознаат со дискусиите и впечатоците од првата средбата со Алтернатива, за да може утре на органите и телата на двете партии, претходно консултирајќи се со коалиционите партнери, да дадат евентуално зелено светло за да продолжат разговорите.

Ако се даде тој позитивен сигнал, преговорите ќе навлезат и во кадровската политика, рече Богоев, додавајќи дека Алтернатива си има некои програмски работи кои смета да се суштински битни за да бидат дел од парламентарното мнозинство, сега фокусот е на тоа, а штом се усогласат тие работи, ќе се премине веднаш кон кадровските дискусии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот