Бобан Бабунски е нов тренер на прилепска Победа

Бобан Бабунски ќе ја води Победа во елитата/Фото: ФК ПОБЕДА - официјална група Official Facebook fan page of FC Pobeda Prilep

Фудбалскиот клуб на Победа од Прилеп кој го освои првото место во Втората лига – Исток, се враќа во елитата со нов тренер. Постигнат е договор со Бобан Бабунски, 54-годишниот поранешен македонски и југословенски репрезентативец и тренер на А и младата репрезентација, воедно беше предводник и на Вардар и Работнички.

За понеделник, 27 јуни во 17.00 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ новиот шеф на стручниот штаб ја закажа прозивката со која ќе биде означен и почетокот на подготовките на фудбалерите на Победа.

На првиот собир Бабунски и првиот човек на Победа, Благоја Гешоски, ќе го образложат планот на подготовките како и потребните засилувања со цел успешна сезона на клубот по враќањето во Првата лига.

Фудбалската кариера Бабунски ја започнува во Вардар по што следи интернационална кариера во ЏСКА Софија (Бугарија), Леида (Шпанија), Гамба Осака (Јапонија), АЕК Атина (Грција), Ст. Труден (Белгија), Логроњес (Шпанија) и Кемницер (Германија), а ја завршува во Работнички.

Како тренер од 2002 до 2005 година беше помошник на Слободан Сантрач во А селекцијата, привремен селектор од август 2005 до февруари 2006 година, освојувач на Купот со Работнички во сезоната 2008-2009, а од 2009 до 2014 година беше предводник на младата селекција за играчи до 21 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот