Блумберг ја напушти претседателската трка, ќе го поддржи Бајден (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Блумберг, кој вложи над 500 милиони долари од своето богатство во кампањата, се повлече од трката по разочарувачката завршница на „Супер вторникот”, кога победи само на територијата на Американска Самоа.

Американскиот милијардер Мајк Блумберг денеска се повлече од трката за номинација за претседателски кандидат од редовите на Демократската партија и поддршката ја даде на поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Блумберг, кој вложи над 500 милиони долари од своето богатство во кампањата, се повлече од трката по разочарувачката завршница на „Супер вторникот”, кога победи само на територијата на Американска Самоа. На вчерашните избори Блумберг освои само 27 делегати, додека Џо Бајден доби најмалку 337 делегати.

Берни Сандерс пак, победи во таканаречените „бојни полиња”, државите Калифорнија и Тексас што даваат над 640 делегати вкупно (Калифорниjа како најнаселена дава 415 делегати). Со овој успех, сенаторот од Вермонт може да освои најмалку една третина од вкупно потребниот број на делегати (1.991) и со тоа да биде поблиску до номинацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот