Близу Скопје загина мотоциклист

Фото: МИА

Вчера, во 12:45 часот на автопатот „Пријателство“ се случила тешка сообраќајна незгода во која животот го загубил 29-годишниот Б.Ѓ. од Скопје.

Спорет полицискиот извештај до несреќата дошло откако камион удрил во два мотори, во близина на селото Ржаничино.

– Каминот, марка „МАН“, управуван од С.Ј. (54) удрил во два мотоцикли „Сузуки“, едниот управуван од Б.Ѓ. (29), а вториот бил управуван од В.М. (27). Возачите на моторите се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Брза помош биле пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде едниот им подлегнал на повредите, а вториот е задржан на лекување – велат од СВР Скоппје.

На местото на несреќата е направен увид ос страна на екипи на СВР Скопје и Јавен обвинител.

Од полиција велат дека работат на расветлување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот