Блинкен разговараше со кинескиот министер за надворешни работи за ризиците поврзани со Украина

Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/KAY NIETFELD / POOL

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека сите страни вклучени во прашањата околу Украина треба да останат смирени и да се воздржат од дејствија кои поттикнуваат тензии и криза.

„Безбедноста на една земја не може да биде на штета на безбедноста на другите земји, а регионалната безбедност не може да се гарантира со зајакнување или дури и проширување на воените блокови”, му нагласил Ванг на Блинкен, јавија американски медиуми.

Во исто време, Блинкен ги истакнал глобалните безбедносни и економски ризици кои би можеле да произлезат од наводната натамошна руска агресија. „Секретарот Блинкен рече дека деескалацијата и дипломатијата се единствениот одговорен пат напред”, наведе портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс во соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот