ВИДЕО | Благороден гест: Поранешна професорка донирала милијарда долари за бесплатно школување на медицински колеџ во Њујорк

Фото: Принтскрин / Твитер

Д-р Рут Готесман, 93-годишната вдовица на финансиер од Вол Стрит донираше 1 милијарда долари на медицинскиот колеџ „Алберт Ајнштан“ во Бронкс, Њујорк. Поранешната професорка на овој колеџ напомена дека средствата мора да се искористат за покривање на школарината за сите студенти по медицина, пишува „Њујорк тајмс“.

Д-р Рут, студирала потешкотии во учењето на овој колеџ, а подоцна развила тест за скрининг и водела програми за описменување. Нејзната донација е една од најголемите добротворни донации за образовна институција во САД и најверојатно најголемата за медицинско училиште.

Богатството го стекнала од нејзиниот покоен сопруг, Дејвид Готесман, познат како Сенди, кој бил штитеник на Ворен Бафет и претходно инвестирал во компанијата „Беркшир Хатавеј“.

Донацијата е забележлива не само по нејзината неверојатна големина, туку и поради тоа што оди во медицинска установа во Бронкс, најсиромашниот кварт во градот Њујорк. Бронкс има висока стапка на предвремени смртни случаи и е рангирана како најнездрава област во Њујорк. Во текот на изминатата генерација, голем број милијардери дадоа стотици милиони долари на попознатите медицински училишта и болници во Менхетен, најбогатата населба во градот.

Д-р Рут вели дека нејзината донација ќе им овозможи на новите лекари да ја започнат својата кариера без долгот на медицинскиот факултет, кој често надминува 200.000 долари. Таа, исто така, се надева дека овој потег ќе го прошири студентското тело за да вклучи луѓе кои инаку не би можеле да си дозволат да одат на медицинско училиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот