Битиќи: За 4 години бележиме раст на повеќе од 6.000 денари и на минималната и на просечната плата

Фатмир Битиќи / фото: МИА

Во рамки на теренските активности кои ги спроведува СДСМ, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на СДСМ на Гази Баба, Борис Георгиевски вечерва на маалска средба ги поздравија и поразговараа со жителите од населбата Ченто, Општина Гази Баба.

– За нас како политичка партија е многу битна комуникацијата со граѓаните која во континуитет ја практикуваме. Се што СДСМ прави е одговор на барањата и потребите кои произлегуваат токму од вас. Заедно со вас одлучуваме кон што ќе се насочиме, кој ќе бидат нашите приоритети. Затоа и овој пат на предстојните локални избори СДСМ ке ја даде најдобрата програма соодветна за секоја општина дополнително поткрепена со вистинската личност која ќе ја предводи вашата општина и ќе овозможи реализација на програмата. За општина Гази Баба тоа е актуелниот градоначалник Борис Георгиевски, истакна Битиќи, кој притоа се надоврза на досегашната реализација и учинок како на централно така и на локално ниво.

“Владата на СДСМ во изминатиов предиод вложи над 11.500.000 евра за унапредување на патната инфраструктура, односно инвестираше во над 32 км патишта во Општина Гази Баба. Во Јурумлери се гради најсовремената канализација во нашата држава. Во изминативе 4 години во Гази Баба се рализирани вкупно 50 проекти, а во фаза на реализација се дополнителни 40 проекти. Дали е доволно?! Ќе речам, не. Но е многу повеќе за разлика од претходно. Минималната плата денеска изнесува нешто над 15.000 денари. Дали е доволно?! Не. Но е многу повеќе од 9000 денари минимална плата која ја затекнавме. За 4 години бележиме раст на повеќе од 6.000 денари и на минималната и на просечната плата која денес изнесува 28.744 денари. Ета затоа СДСМ и градоначалникот Борис Георгиевски се убедлив фаворит на изборите, бидејќи го прават најдоброто и ќе продолжат уште подобро и во наредните 4 години“- порача потпретседателот Битиќи од населба Ченто.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот