Битиќи: Косовските фирми плаќаат поевтино, ама таму по седум часа дневно нема струја

Фатмир Битиќи
Фатмир Битиќи/ Фото: Facebook

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во вечерашното гостување на „Телевизија 24“ рече дека во Косово цената на електрична енергија за фирмите кои се на регулиран пазар е пониска од онаа во Македонија, но и дека таму и по седум часа на ден нема струја.

„Цената е пониска, но прашајте ги фирмите како им е кога седум часа во денот немаат струја и треба да надополнуваат со агрегати“, рече Битиќи.

Тој ова го изјави во одговор на констатацијата на Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ, која направи споредба на цената на електрична енергија за фирмите кои се на регулиран пазар во Македонија, која изнесува 230 евра за мегават-час.

Во Косово таа цена е 70 евра, во Србија 100, а во Бугарија 130.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот