Бислимовски: Поддршка за приклучените на парно греење кои ќе постават калолиметри

фото: МИА

Регулаторната комисија за енергетика предлага да се најдат соодветни механизми со кои на приклучените на парно греење ќе им се овозможи да постават калолиметри.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели дека Владата, Градот Скопје и операторот на дистрибутивниот систем треба да најдат начин со кој ќе им се овозможи на приклучените на парно греење да го платат на рати трошокот за поставување на калолиметри или делумно да се намали поставувањето на овие уреди.

„РКЕ останува на ставот кај приклучените потрошувачи да започнат да се поставуваат соодветни уреди односно калолиметри. Притоа ги повикуваме операторот на дистрибутивниот систем, Владата и Градот Скопје да изнајдат соодветни механизми, овие трошици за приклучените потрошувачи да се намалат делумно или да им се овозможи да го платат трошокот на рати. Очекуваме дека тој што ќе набави поголеми количини калолиметри. ќе даде можност овој трошок да се подели најмалку на 12 рати“, изјави Бислимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот