Билчик до властите во Црна Гора: Обезбедете услови за слобода на медиумите

Фото: mia.mk

Шефот на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Црна Гора, Владимир Билчик, ја повика официјална Подгорица да овозможи слобода на медиумите, бидејќи тоа е една од основните вредности на ЕУ и клучен елемент во процесот на пристапување во Унијата.

Билчик поднесе амандман на предлог-извештајот на таа европска институција во кој се изразува жалење поради недостиг на напредок во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите.

Тој нагласи дека тоа е област каде пет последователни извештаи на Европската комисија за Црна Гора велат дека „нема напредок”.

– Европскиот парламент остро ги осудува сите форми на напади врз медиумите и заплашување на новинарите и повикува на итна и ефикасна истрага на нападите. За жал, некои случаи на насилство врз новинарите остануваат нерешени. Се повикува Црна Гора да обезбеди поволни услови за ефективна слобода на изразување, што е една од основните вредности на ЕУ и клучен елемент во процесот на пристапување на Црна Гора во Европската унија, се вели во амандманот поднесен од Билчик, објави весникот Дан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот