Биљали за „Слободен печат“: Бугарите сфаќаат дека самите длабоко си ги ранија националните интереси

мерсел биљали
Мерсел Биљали, аналитичар, Фото: Архива

Бугарските политичари со ветото на евроинтеграцијата на Македонија ѝ нанесоа најмногу штета на самата Бугарија и очекувано е тоа да почнат да го сфаќаат, оценува аналитичарот Мерсел Биљали по последните изјави на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева која за една недела неколку пати повика на пријателство и нормализација на односите меѓу двете земји, а завчера рече дека наскоро ќе ни донираат вакцини против коронавирусот.

Според Биљали промените во бугарската политика ќе се случуваат одвантре, во самото бугарско општество.

– Полека сфаќаат дека самата бугарска политика длабоко ги рани бугарските интереси со блокадата за Македонија на патот кон ЕУ. Очекувано е дека до изборите и натаму ќе се одржува максимално наелектризирана атмосфера за оваа тема во Бугарија, но ќе има промени. Една длабока логична анализа за долгорочните национални интереси недвосмислено покажува дека бугарската политика им нанесе најтешки последици. Тоа полека се сфаќа и во политиката и меѓу граѓаните. Видни луѓе од академската заедница, од културата, дипломатијата итн. се повеќе укажуваат на овие последици и на тоа како во европските кругови се гледа на бугарската политика кон Македонија – вели Биљали за „Слободен печат“.

Тој додава дека промената во Бугарија не е резултат на никакви притисоци од ЕУ, затоа што „ЕУ моментно има толку проблеми што интеграцијата на Западен Балкан им е практично неважна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот