„Бикови“, „ѓаволи“ и „светци“ во борба за нокаут-фаза!

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Денеска во Лигата на шампионите во четири групи ќе се комплетира последното шесто коло од групната фаза, останаа уште неколку дилеми кои ќе патуваат во нокаут-фазата, кој во Лига Европа, а кој ја завршува меѓународната авантура.

Од групата „Е“ веќе е познато дека Севиља и Челси одат во осминафиналето, третопласираниот Краснодар во Лига Европа, а елиминиран е Рен.

Во групата „Ф“ екипата на Борусија Дортмунд гостува кај рускиот Зенит, додека Лацио во директна борба за елиминациските борби во елитата на „Олимпискиот стадион“ во Рим ќе ги одмери силите со Клуб Бриж. Италијанскиот клуб моментно има девет бодови, а Белгијците седум, така што на калчолигашот доволен му е и бод.

Во групата „Г“ е дербито на рундата, на „Камп Ноу“ Барса е домаќин на Јуве, односно Меси после повеќе од две години повторно ќе ги одмери силите со Роналдо. За третата позиција која води во ЛЕ во Киев ќе се борат Динамо Киев и Ференцварош.

Чекавме повеќе од две години, Меси против Роналдо во Лигата на шампионите!

Највозбудливо е во последната група „Х“ каде што три екипи моментно го делат првото место со по девет бодови, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Лајпциг.

Лајпциг нема простор за калкулации и против Јунајтед ќе мора да оди на победа за пласман во 1/8 осминафиналето, „црвените ѓаволи“ и со реми можат се најдат на една од првите две позиции.

И на ПСЖ ќе му биде доволен бод, но за очекување е париските „светци“ да атакуваат на трите бода на домашен терен против турскиот Башакшехир. Доколку загуби составот на Оле Гунар Солскјер, тогаш францускиот првак и со пораз би можел да го продолжи настапот во ЛШ.

Лига на шампиони 2020/21

Последно 6. коло, двојки –

Група „Е“

21.00 часот Челси-Краснодар
21.00 часот Рен-Севиља

Табела: Челси 13 бодови, Севиља 10, Краснодар 4, Рен 1.

Група „Ф“

18.55 часот Лацио-Клуб Бриж
18.55 часот Зенит-Борусија Дортмунд

Табела: Борусија Дортмунд 10 бодови, Лацио 9, Клуб Бриж 7, Зенит 1.

Група „Г“

21.00 часот Динамо Киев-Ференцварош
21.00 часот Барселона-Јувентус

Табела: Барселона 15 бодови, Јувентус 12, Динамо Киев 1, Ференцварош 1.

Група „Х“

21.00 часот ПСЖ-Башакшехир
21.00 часот Лајпциг-Манчестер јунајтед

Табела: Манчестер јунајтед 9 бодови, ПСЖ 9, Лајпциг 9, Башакшехир 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот