Бијонсе води со девет номинации на Греми наградите

Instagram
Фото: Инстаграм

Кралицата на поп музиката води со девет номинации за овогодишните Греми награди, вклучувајќи ја и онаа за песна на годината.

Британската пејачка Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич имаат по шест номинации.

Instagram
Instagram

Со 39 години Бијонсе има веќе освоено 24 Греми награди. Добитните ќе бидат прогласени на 31 јануари 2021 година.

Свифт и Дуа Липа ќе се натпреваруваат за најважната награда – албум на годината, заедно со Пост Мелоун, Колдплеј, Хаим, Џејкоб Кулиер, Блек Пума и Џене Аико.

Instagram
Instagram

Бијонсе своите номинации ги заработи најмногу благодарение на песната „Black Parade“ која ја слави афроамериканската култура и активизмот, која беше објавена за време на летните протести против расизмот и полициската бруталност кон Афроамериканците во САД.

„Black Parade“ ќе се натпреварува и за песна и видео на годината, заедно со „Don’t Start Now“ на Дуа Липа.

 

Албумот на Тејлор Свифт од карантинот „Folklore“ е номиниран за албум на годината, а „Cardigan“ за песна на годината.

Категоријата најдобар нов уметник ги вклучува номинациите кои ги добија раперката Меган Ди Сталион и Доџа Кат, како и Фиби Бриџерс.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот