БиХ со најголем извоз на оружје во Саудиска Арабија, додека најголем увоз има од Италија

БиХ извезе оружје во вредност од околу 161 милиони конвертибилни марки во првите десет месеци од оваа година, додека увозот на оружје беше околу 13 пати помал и изнесуваше околу 12 милиони конвертибилни марки. Тоа го нагласи Управата за индиректно оданочување на БиХ (УИО) .

Најголем дел од оружјето беше извезено во Саудиска Арабија, што претставува повеќе од 32 отсто од вкупниот извоз, или околу 52.741.000 КМ, додека втора на списокот на земји е Египет, каде е извезено оружје во вредност од околу 43 милиони КМ.

Мароко е на трета држава на списокот каде извозот на оружје бил околу осум милиони КМ додека во Авганистан извозот е во вредност од 7,8 милиони КМ, соопшти УИО.

Кога станува збор за увозот, БиХ увезува најмногу оружја од Италија во вредност од 3 милиони КМ, како и од Германија, околу 1,3 милиони КМ.

Вредноста на оружјето увезено од Словенија во БиХ е околу 1.315.000 КМ, додека оние увезени од Чешка вредат 1.127.000.

Оружјето увезено од Србија е во вредност од околу 965.000 марки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот