Бибер: Неодобрувањето на преговори со Македонија и Албанија го поткопува кредибилитетот на ЕУ

Флоријан Бибер / Фото: Принтскрин

Одлуката на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ да не се одобри почеток на пристапните преговори со  Македонија и Албанија може да „го поткопа кредибилитетот” на Унијата, оцени експертот за Балканот од Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер.

– Набљудувачите во регионот ја сметаат француската и холандската политика како нефер и мотивирана од домашната политика и од стереотипите. Ова го поткопува имиџот на ЕУ како фер играч, со фер критериуми, особено затоа што Комисијата даде зелено светло за преговори – изјави Бибер за Еуроњуз.

Според Бибер, ваквиот став најверојатно ќе испрати негативен сигнал до владите на Македонија и Албанија, кои можат да помислат дека не вреди да се прават тешки компромиси доколку не бидат примени во европскиот блок.

–  Ова особено ќе биде тешко за Северна Македонија, која работеше толку напорно за решавање на проблемот со името, додава Бибер.

Тој оценува дека ваквиот став испраќа порака и до Србија и Косово, кои имаат најголем отворен проблем во регионот, да се запрашаат зошто некоја од нив би склучила тежок договор, кога ЕУ не може да им даде ништо за возврат.

Слично мислење има и аналитичарот и визитинг професор на Лондонската школа за економија и политички науки (ЛСЕ), Џејмс Кар-Линдзи, кој на Твитер објави дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе лобира за прашањето за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија кај францускиот претседател Емануел Макрон на утрешниот Самит на ЕУ.

– Сепак, на крајот, неуспехот да се прифати Северна Македонија ќе го поткопа кредибилитетот на ЕУ и ќе го покаже (европскиот) блок како неспособен да може да решава во своето непосредно опкружување, а камоли да има влијание пошироко – смета Кар-Линдзи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот