Би поминал ли Норис од четири на две тркала? Отворена понуда од шефот на Мото ГП тимот на КТМ
Светскиот шампион во Формула 1 би можел следната година да се испроба во „кралската класа“, ако ја прифати понудата на Гинтер Штајнер
Поранешниот шеф на тимот на Хаас Ф1, Гинтер Штајнер, му понуди на актуелниот светски шампион во Формула 1 Ландо Норис тест-возење на моторот на неговиот тим КТМ Мото ГП. Прашање е колку таква опција би му се допаднала на шефот на Ф1 тимот на Мекларен Зак Браун.
Препорачано
Норис ќе остане во Формула 1 следната сезона и понатаму, откако на почетокот на 2024 година се согласи на повеќегодишен договор со Мекларен.
Новиот шеф на тимот на Ред бул во Мото ГП, Штајнер, стави понуда на маса пред Норис, или барем еднократен тест, ако актуелниот шампион во Ф1 го сака тоа.
– Тој е добредојден да го вози нашиот мотор следната година. Може да дојде и да го вози. Ќе најдеме начин да го организираме тоа. Би било нешто убаво за него, иако не знам дали Зак Браун би бил среќен да го види како вози мотор на Мото ГП – изјави Штајнер.
Норис во минатото зборуваше за својата љубов кон трките со две тркала.
– Би сакал да се занимавам со мотори. Всушност, така почнав, возев мотокрос. Си мислев „ова е најкул работата на светот“. Тоа е всушност она што сакав да го правам пред сè. Мотоциклите беа местото каде што започна голем дел од мојата љубов, мојот херој беше Валентино Роси – рече Норис во август.


