Без Владо Милев на клучниот натпревар против Албанија

Европската златна лига е новиот предизвик за македонските одбојкари/фото: facebook/Одбојкарска федерација на Македонија

Македонската машка одбојкарска репрезентација се подготвува за четвртиот натпревар во Европската сребрена лига во кој целта ќе биде да им се врати на победите.

После болниот пораз во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје (1:3), избраниците на Ратко Павличевиќ во Тирана в сабота со почеток од 19.00 часот ќе се обидат да ја поправат сликата на возвратниот дуел со Албанија.

На табелата во групата „Б“ води Романија со осум бодови, пред Македонија и Албанија кои имаат по четири, а на последната позиција е Босна и Херцеговина со четири.

На утрешниот меч Македонија ќе има целосно нова примачка дијагонала, затоа што Владо Милев воопшто не допатува во Албанија поради повреда. Ова значи дека Стојан Илиев и Лука Костиќ ќе добијат шанса да настапат во клучниот меч против Албанците.

За разлика од Милев за кој се очекува да се врати во репрезентацијата веќе за натпреварот со Романија на 8 јуни, јасно е дека либерото Костадин Ричлиев нема да може да го облече националниот дрес до крајот на Евролигата, па Васе Михаилов треба да помогне нашиот прием да биде подобар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот