Беше НАЈУБАВОТО ДЕВОЈЧЕ во светот – Сега е уште ПОУБАВА, а има и дечко (ФОТО)

Фото: Принтскрин

Тајлејн Блонду, најубавото девојче на светот, која се прослави пред десеттина години преку рекламните кампањи, денеска е порасната, а на медиумите се уште им е многу интересна.

Убавата Тајлејн, која во 2007 е прогласена за најубаво девојче на светот, порасна во прекрасна девојка за која се борат модните куќи и познатите козметички брендови. Покрај тоа, таа минатата година ја освои титулата за најубаво лице во светот.

Нејзиниот живот од мали нозе е различен, подинамичен и обележан со различни снимања низ целиот свет.

View this post on Instagram

?

A post shared by Thylane ? (@thylaneblondeau) on

Денеска, 18 годишната французинка исто така изгледа неверојатно и нижи работни успеси, но сама го прави својот распоред, па сепак успеала да најде време за љубов. Како и повеќето нејзини врсници, таа моментално поминува низ слатка тинејџерска љубов. Таа со новиот дечко кој до сега и беше непознат на јавноста ужива на одмор на Карибите.

Фото: Профимедиа

Неговото име е Милан Мерит и во врска се од јануари оваа година. Судејќи по најновите фотографии од папараците, каде тие се наоѓаат на плажа, парот не може да биде посреќен.

Заиграни и заљубени, тие уживале на песочната плажа, а погледите посебно ги привлекувала згодната бринета која изгледа неверојатно добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот