Берни Сандерс се откажа од претседателската трка во САД

Сандерс изјави дека иако кампањата е завршена, движењето продолжува

Берни Сандерс, сенаторот од Висконсин, ја напушта трката за претседателски кандидат на Демократската партија на САД за изборите што се закажани за 3 ноември, соопштија од неговиот изборен штаб, јави ДПА.

Како што укажаа од штабот, Сандерс ова го одлучил денеска во телеконференција со своите помошници.

Сандерс се обрати до своите поддржувачи со следниве зборови:

-Не можам да продолжам со чиста совест кампања која не можам да ја добијам и која ќе пречи во важната работа што ни претстои.

Изјави дека неговото име ќе стои во избирачките ливчиња и дека се уште ќе собира гласови за делегати, во обид да ја пренесе својата порака и да влијае врз демократската платформа.

-Кампањата е завршена, но нашето движење продолжува, изјави Сандерс.

Поради тешката пандемија на коронавирус во САД, кампањите и митинзите на двајцата преостанати кандидати за номинација, поранешниот потпретседател Џо Бајден и Сандерс, се запрени со недели.

Поради карантинот, двајцата се појавуваат мошне ретко на телевизија и се обраќаат во живо на интернет. Се дознава дека Сандерс бил повикан да излезе од кампањата за обединување на Демократската партија со една цел – пораз на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Ведаш по изјавата на Сандерс, Бајден се заблагодари на „лидерот” од Вермонт и ги повика неговите поддржувачи да се придружат

-Треба да ги заслужам вашите гласови… ве гледам ве слушам и ја разбирам итноста на моментот, се надевам дека ќе се придржите. Добредојдени сте, потребни сте, соопшти Бајден на Твитер.

Во соопштение се јави и Трамп, кој вината за поразот на Сандерс ја посочи кон сенаторката Елизабет Ворен, која учествуваше во трката за номинација.

-Ако не беше таа, Сандерс ќе победеше на супер вторникот. Ова заврши токму како што сакаа ДНЦ и демократите… напиша Трамп на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот