Берлин размислува за нови ковид мерки и ограничувања во движењето

Берлин/ Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Германскиот министер за здравство повика денеска (вторник) на дополнителни ограничувања во движењето како и нови епидемиолошки мерки со цел да се спречи драматичното зголемување на ново заразените со Ковид-19, бидејќи стапката на зараза во земјата достигна рекордно високо ниво.

Седумдневната стапка на „кривата“ во вторникот достигна 399,8, наспроти 386,5 во понеделникот, покажуваат податоците на Институтот Роберт Кох (РКИ) за заразни болести.

Министерот за здравство Јенс Спан, повика да се ограничат повеќе јавни простори за оние кои биле вакцинирани или неодамна закрепнале од Ковид-19 но и за оние кои исто така имале негативен тест, во обид да се спречи четвртиот бран на Ковид-19 во Германија.

Министерот Спан сепак не ја исклучува можноста и за карантин, иако кажа дека за тоа ќе одлучува секој регион посебно. Некои региони, како тешко погодените Саксонија и Баварија, веќе преземаат мерки како што се откажување на божиќните саеми и јавни собири.

Ситуацијата не е само сериозна, во некои региони во Германија сега е драматична – изјави Спан за германското радио.

Мораме да ги преместиме пациентите бидејќи одделенијата за интензивна нега се полни и тоа не влијае само на пациентите кои се заразени од Ковид-19, објасни тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот