Берлин откупи над 6.000 станови за да го намали притисокот на пазарот на недвижности

Фото Архива

Градот Берлин купи повеќе од 6.000 станови што некогаш му припаѓале на градот од компанија за недвижнини со цел да го намали притисокот врз берлинскиот пазар на недвижности.

– Со купувањето на 6.000 станови, го комплетираме најголемиот проект за откуп на станови во историјата на Берлин – изјави денеска сенаторката од Берлин, задолжена за градско домување, урбанизам и развој, Катрин Ломпшер.

Становите се купени за 920 милиони евра од луксембурскиот Фонд за недвижнини „Адо Пропертис“, кој ги купи становите од градот Берлин во 2015 година.

Овие се недвижнини се изградени на подрачјето на поранешен Западен Берлин во повоениот период.

– Грешките што ги направивме во минатото со продажба на становите во државна сопственост веќе не можат да се поправат, но затоа можеме да им гарантираме на станарите дека киријата нема да се зголемува – рече Ломпшер.

Повеќето станови се субвенционирани домови за посиромашните семејства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот