БЕРЛИН ДЕМАНТИРА: Меркел не му се налути на Макрон

Канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Откако медиумите пренесоа дека германската канцеларка Ангела Меркел му се налутила на францускиот претседател Емануел Макрон поради неговите критики за НАТО и блокадата за пристапните преговори за Скопје и Тирана, „Дојче веле“ објави дека германската влада ја дематира оваа информација.

Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт рече дека „во сеќавањата на германската канцеларка на оваа вечер, нема ниту поплаки, ни лутина, ниту спор“.

Според „Дојче веле“, американскиот весник „Њујорк тајмс“, без да цитира извор, напиша дека Меркел во разговорот со Макрон на заедничката вечера кај германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на 10 ноември во дворецот Белви изјавила дека е веќе изморена да го собира кршот кој францускиот претседател го остава зад себе. Секогаш одново, наводно рекла Меркел, таа мора да ги лепи чашите кои Макрон ги скршил за да можат повторно да седат заедно и да пијат чаша чај. Причината за ваквата критика на Меркел, пишува „Њујорк тајмс“ била забелешката на Макрон дека НАТО е „клинички мртов“ но и неговото отфрлање на почетокот на преговорите за членство во ЕУ на западнобалканските земји, Северна Македонија и Албанија.

– Она што се случуваше таму беше прекрасна рунда во која во прв ред стануваше збор за настаните и одлуките од пред 30 години кои водеа кон повторното обединување на Германија. Освен тоа, стана збор и за честопати различни политички пристапи на Германија и на Франција кон темите и предизвиците, како и за фактот дека ние секогаш бараме и наоѓаме заеднички решенија. – рече портпаролот на германската влада.

Канцеларката Меркел инаку ги отфрли изјавите на францускиот претседател уште три дена пред посетата на Макрон на Берлин, на маргините на посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Берлин. Гледиштето на Макрон не е нејзино, рече таа тогаш, додавајќи: „Ваквите коментари не се неопходни, дури и ако имаме проблеми, дури и ако мора да се присобереме“.

Зајберт, осврнувајќи се на фактот дека Макрон на неодамнешниот самит на ЕУ го спречи отпочнувањето на пристапните преговори на Македонија и Албанија, истакна дека секогаш одново има различни политички пристапи од Берлин и од Париз за поедниечни предизвици.

– Тоа е во природата и на многу различната политичка култура на нашите две земји.“ Но, „секогаш се прави обид – и тој е речиси секогаш успешен – да се најде заднички пат, да се најде заедничко решение – истакна Зајберт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот