Бериша: Баша го бранеа фундаменталисти, убијци, повратници од Сирија

Љуљзим Баша и Сали Бериша
Љуљзим Баша и Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Поранешниот алабански претседател, експремиер и историски лидер на опозициските демократи, Сали Бериша, денеска два часа беше во Обвинтелството во Тирана, каде даваше исказ во врска со протестот што тој го организираше минатата сабота и насилниот обид за влез во седиштето на партијата.

Во изјавата за новинарите, по излегувањето од зградата на Обвинителството, тој кажа тешки обвинувања за актулениот лидер, Љуљзим Баша, кого, како што рече, на 8 јануари во партиското седиште, освен „припадниците на Националната гарда го бранеле и фундаменталисти, убијци, повратници од Сирија“.

– Она што сакам да ви го кажам е дека во мојата изјава нагласив дека за секој Албанец, за секој пријател и партнер на Албанија, главната грдотија е најнезамисливиот чин, најкриминалниот момент во изминатите 30 години, најфлагрантниот доказ за поврзаноста на политиката со криминалот. Љуљзим Брава (Баша) на 8 јануари беше опкружен со банда убијци, трговци, киднапери, фундаменталисти, повратници од Сирија. Ова е најдраматичниот момент и најфлагрантен доказ за поврзаноста на нарко-држава и еден политичар со криминалот, рече Бериша.

Тој претходно обвини дека на денот на протестот во партиското седиште Баша го заштитувале „ маскирани лица-криминалци од Македонија” за да потоа Гент Стразимири, пренесувајќи став на неговите приврзаници, обвини дека во „Демократската партија има група екстремни исламисти, за што поседуваат докази и снимки”.

Бериша денеска уште со став дека саботниот протест бил најмирен во тридеценискиот плурален живот, најавувајќи продолжување на истите и ги повика поддржувачите во недела на собирот во Скадар. Исто така рече дека во понеделник ќе биде во собраниската сала, како пратеник на ПД.

Во Обвинителството утре свој исказ треба да даде Баша.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот