Белоруската полиција со солзавец и шок бомби против „непослушните демонстранти“

Фото: EPA-EFE/STR

Белоруската полиција денеска соопшти дека употребила солзавец и шок бомби за да ги растера, како што наведе, „непослушните демонстранти” во градот Гомел.

Со овој свој потег, наведе, спречила пробивање на полицискиот кордон, пренесе Тасс.

Во Белорусија и денес продолжија протестите против резултатите од претседателските избори, по кои победа прогласи, а потоа и се самоинаугурира досегашниот долгогодишен лидер Александар Лукашенко, што опозицијата и Западот не го признаваат.

Во главниот град Минск беа пријавени повеќе апсења дури и пред да почетокот на традиционалните неделни демонстрации, наведоа неколку портали, јави ДПА.

Како и претходните недела, метро-станиците во центарот на градот се затворени за да може што помалку луѓе да излезат на протестите.

Војниците, пак, ги зазедоа позициите околу Палатата на Републиката, додека комбиња и стотици милицајци чекаат подготвени за акција во споредните улици.

Претседателската палата е обезбедена како тврдина затоа што властите стравуваа дека толпата може да упадне во седиштето на Лукашенко.

Британските медиуми пренесоа дека полицијата досега уапсила најмалку 53 лица низ целата земја, повикувајќи се на наводи на групата за човекови права „Весна”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот