Белград доби четворка од странските туристи

Фото: Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

Белград и натаму е омилена дестинација за странските гости кои ја посетуваат Србија. Се чини дека голем број туристи од регионот ќе ги поминат празниците во главниот град, бидејќи во овој момент се исполнети речиси сите сместувачки капацитети. Хотелите известуваат дека 90 отсто од собите се резервирани, а слична е состојбата и со становите кои годинава се нешто помалку, пренесува Политика рс.

Голем број сопственици кои претходните години издаваа станови на ден од оваа сезона ги нудеа своите имоти на подолг период главно поради големата побарувачка и повисоките цени за изнајмување. Како што се дознава од здружението „Хорес“, најголем дел од гостите во овој момент дошле од Бугарија, но и од сите други земји во регионот.

– Колку долго ќе останат зависи од програмата на новогодишната прослава и содржината што им се нуди. Во просек, мнозинството плаќало за аранжмани во траење од три дена. Инаку, освен Белград, преполни се и Нови Сад, Ниш и другите градови во Србија, што покажува дека Србија и годинава е интересна дестинација за странски гости – изјави Георги Генов, претседател на здружението „Хорес“.

Александар Сеничиќ, директорот на „Јута“ нагласува дека до 15 јануари во Белград биле зафатени најголем број приватни станови и дека сите можат да бидат задоволни од ваквите резултати.

– Меѓу странските гости во моментов има многу Турци, што не е чудно со оглед на одличните воздушни врски и редовните летови до Анкара и Истанбул. Има и многу туристи од Израел, но и од Западна Европа. Просечниот број на ноќевања е меѓу три и четири, но треба да се има предвид дека покрај во Белград, многу гости пристигнале и во речиси сите домашни планини. Во споредба со минатата година, посетеноста е поголема за 15 проценти“, забележува Сеничиќ. Странците на Белград му дале просечна оценка од 4,36, а главните поплаки се недоволната чистота и квалитетот на туристичките информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот