Белгиската министерка поради маската стана хит и доби огромен број комплименти! (ФОТО)

инстаграм

Белгиската министерка за здравство Меги Де Брук стана вистинска сензација откако на својот твитер-профил објави своја фотографија со необична маска на која е испринтано нејзиното лице. Таа сподели текст од еден белгиски портал во кој се пренесува веста дека целиот приход од продажбата на маските ќе замине во хуманитарни цели.

Откако на парламентарната седница ѝ рекле дека изгледа малку опасно со маската, таа рекла дека тоа воопшто не ѝ пречи, пишува Nieuwsblad.

„Маските се задолжителни. Ја добив оваа, па ја користам“, објаснила Меги Де Брук.

инстаграм

Инаку, таа има интересен инстаграм-профил на кој ги споделува своите деловни, но и приватни делови од животот, како фотографијата од семејната среќа поради неодамнешното добивање на внукот Иван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот