Белгија на прво место по стапка на заразени во ЕУ

epa08667697 A traveler leaves the Covid-19 test centre at Brussels Airport in Brussels, Belgium, 14 September 2020. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Последните податоци на Европскиот центар за спречување на болести покажуваат дека Белгија е сега на прво место по стапка на заразени во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Стапката е 1.390,9 случаи на коронавирус за 14 дена на 100 илјади жители, што е повеќе од Чешка, која до сега беше рекордер.

Последните бројки на белгискиот Институт за јавно здравје меѓутоа покажуваат дека за денес, вторник, оваа стапка е повторно малку под таа на Чешка. Останува да се види како ќе еволуираат бројките во наредните денови.

На трето место по стапка на заразени во ЕУ е Луксембург, но со далеку пониска бројка од Белгија и Чешка, односно 760,4 случаи на 100 илјади жители. На четврто и петто место се Словенија и Холандија.

Чешка бележи најголема стапка на смртни случаи во ЕУ, Белгија е на второ место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот