Белгија го надмина рекордот на новозаразени од 2020

Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Бројот на новозаразени со ковид-19 на почетокот на оваа недела го надмина рекордот од ноември 2020, а ситуацијата не се подобрува ниту денеска според официјалните статистики, јави дописничката на МИА од Брисел.

Со 27 199 нови случаи на ковид-19 регистрирани на 3 јануари годинава, Белгија ги надмина 25-те илјади нови заразени од вториот бран во ноември 2020. Денеска бројката надминува 27 илјади и научниците најавуваат дека кривата ќе продолжи да расте поради сојот омикрон кој сега е мнозински во земјата.

Како и во другите земји, сојот омикрон се чини помалку смртоносен: бројот на починати е намален за 26 отсто во споредба со претходната недела. Иако бројот на хоспитализирани е во пораст за 28 отсто, товарот врз интензивната нега се намалува со пад од 17 отсто.

Денеска федералната влада во рамките на Советот за коронавирусот ќе одржи нов состанок на кој ќе треба да се „испеглаат“ разликите помеѓу политичарите и научниците, откако власта минатиот месец одби да ги следи препораките на експертската група за ковид-19 и ги затвори театрите и кината, но ги остави отворени угостителските објекти.

Последниот експертски извештај препорачува да се работи од дома целосно, но да се остават училиштата отворени. Научниците бараат поголема конзистентност од политичарите во управувањето со епидемијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот