Бела Хадид лута на Инстаграм: Ѝ избришале фотографија зашто ја означила Палестина

Instagram

Една од најпознатите манекенки на денешницата, Бела Хадид (23) му се налути на Инстаграм. Манекенката имала непријатно искуство со оваа социјална мрежа, што предизвикало јавно да ги преиспита нивните правила.

Бела се пожали дека е цензурирана на Инстаграм затоа што во една од последните објави, посветена на нејзиниот татко Мохамед (71), ја спомнала Палестина, неговата родна земја.

Instagram

– Инстаграм го отстрани моето стори во кое напишав „Мојот татко и неговото родно место Палестина“, со фотографија од неговиот американски пасош. Кој дел од мојата гордост за родното место на татко ми е – булинг, злоставување, вознемирувачко или голотија? Зошто е ова против правилата? Не смееме да бидеме Палестинци на Инстаграм? За мене тоа е булинг. Не можете да ја избришете историјата со замолчување на луѓето. Не функционира тоа така – заклучила Бела таа револтирано.

Бела Хадид ја следат повеќе од 30 милиони луѓе на Инстаграм, а по нејзиниот пост доби илјадници коментари за поддршка.

Го објави генеричкиот одговор што го добила од инстаграм-службата, но кој не ја задоволил. Од инстаграм-службата и напишале дека нејзината објава е против правилата за вознемирување и булинг и дека имаат одредени правила бидејќи сакаат нивната заедница да се чувствува почитувано и сигурно.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот