Бектеши: Имаме шанса со заедничка соработка да ја смениме економската иднина на регионот

Да го направиме Балканот, наместо регион што асоцира на предизвици, да биде место што нуди позитивни можности, активна регионална соработка и пријателство меѓу соседите, економски раст што ќе го чувствуваме сите, а со тоа и подобар животен стандард за сите наши граѓани. Ние имаме шанса да ја смениме иднината на овој регион – треба само да ја зграпчиме и да работиме на нашата заедничка агенда, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на дводневниот Балкански форум за инфраструктура, развојни мрежи и за промоција на претприемништво и иновации, кој од денеска се одржува во Солун, во организација на грчкото Министерство за Македонија и Тракија.

Бектеши, како што информираат од неговиот кабинет, осврнувајќи се на скорешната посета на грчката државна делегација предводена од премиерот Ципрас, ги споменал правците на соработка и заедничките проекти договорени на седницата на Високиот Совет за соработка помеѓу меѓу двете земји.

– Грција е рангирана на второ место со кого Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена со светот во 2018 година, а растот во вкупната трговија изнесува 15,8 проценти, при што извозот е зголемен за 5,8 отсто, а увозот за 19,1 процент во однос на 2017 година. Во суштина, од петте наши најголеми трговски партнери во минатата година, дури три држави се земји од регионот, и тоа: Грција, Бугарија и Србија. Сосема природно е што сакаме да соработуваме со земјите кои ни се соседи, со нашите пријатели од регионот. Слично поднебје и менталитет, слични консументски навики и вкусови, слични предизвици. А тоа е  одлична основа да ја надградуваме соработката во сите економски сектори, рече Бектеши.

Министерот Бектеши, на форумот го претставил и Планот за економски раст и Законот за поттикнување на инвестиции, со кои за првпат е овозможен еднаков третман за сите инвеститори – домашни и странски и ги поканил компаниите од земјите присутни на Форумот да инвестираат во Северна Македонија и да го почувствуваат ефектот од донесените мерки. Во своето обраќање, се осврнал и на реформите во енергетскиот сектор, кои ќе овозможат повеќе инвестиции во обновливите извори на енергија, а согласно темата на панелот, Бектеши ги споменал и мерките за поддршка на мали и средни компании, со акцент на поддршката која им се дава на компаниите за развој на нови иновативни производи, бидејќи како што истакнал, развојот на иновативноста е иднината на економијата на Република Северна Македонија.

Форумот го отвори заменик министерката за Македонија и Тракија, Елефтерија Хаѕигеоргиу, а вицепремиерот на грчката Влада, Јанис Драгасакис зборувал на можностите и перспективите на балканската соработка. На панелот, се вели во соопштението, се обратиле и заменик министерот за економија и развој на Република Грција, Астериос Питсиорлас и заменик министерот на Романија, Богдан Константин Андроник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот