Бејл не може да биде избркан од Реал Мадрид со сила

EPA-EFE

Герет Бејл се наоѓа на излезни врати од Реал Мадрид, од него кренаа раце и претседателот Флорентино Перез и тренерот Зинедин Зидан. Единствен проблем околу неговото заминување е големата плата која ја има Бејл во Реал Мадрид, таа изнесува 17 милиони евра и ниту една европска екипа не сака да му ги понуди истите услови.

Покрај тоа што не сметаат на него, Зидан му порача дека најдобро би било Велшанецот што побрзо да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, но одговорот дојде од менаџерот на фудбалерот, Џонатан Барнет.

– Нема да има посебни договори како би се избркал Бејл од Реал Мадрид, тој е еден од најдобрите фудбалери на светот и ви гарантирам дека нема да замине на позајмица. Бејл е фудбалер на Реал Мадрид и така ќе остане во иднина, а доколку се појави понуда која на нас ќе ни одговара, ќе си замине. Доколку не се случи тоа, Бејл останува фудбалер на Реал Мадрид до 2022 година, никој не може да го избрка фудбалерот на сила – изјави Барнет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот