Бејл не мисли на пензија

За Герет Бејл постои интерес од Милан/ фото: EPA-EFE/Yoan Valat

Настапот на Герет Бејл со селекција на Велс на СП во Катар заврши во групната фаза, но тој ги изненади сите откако објави дека нема намера да се повлече од националниот тим.

Бејл нема намера да се повлече од репрезентацијата, иако замина во ЛА ФЦ во МЛС-лигата и многумина тој трансфер го најавуваа како подготовка за фудбалска пензија, а посебно заминување од националниот тим со кој играше и на Еврпско првенство, а сега првпат и на светско.

„Ќе продолжам да играм за Велс сè додека можам, сè додека нозете ме држат, сè додека сакам! Квалификациите за Еуро 2024 се многу брзо, нè чека нова авантура, стартуваат во март и треба сите да размислуваме за тоа, колку далеку може да стигнеме. Разочарани сме од настапот на СП, ама истовремено и горди колку далеку дотуркавме. Треба да ги кренеме главите и да продолжиме понатаму. Ниту еден велшки тим толку далеку не стигнал како овој, а после 64 години првпат играме на Мундијал“, рече Бејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот