Беа ривали, но Иниеста нема проблем да го пофали: Тој е еден од најдобрите на сите времиња

Фото: Real Madrid C.F/Twitter

Андрес Иниеста иако има 38 години се уште е активен на фудбалските терени носејќи го дресот на Висел Кобе во Јапонија, а сега со големи пофалби зборуваше за Лука Модриќ.

Беше Модриќ долгогодишен ривал на Иниеста во времето кога Шпанецот настапуваше за Барселона. Сега Иниеста беше искрен и го истакна Модриќ како еден од најдобрите на сите времиња.

„Ние сме фудбалери од различен профил, но исто така сме и слични поради позицијата која ја играме на теренот. Сигурно дека Модриќ е еден од најдобрите креативци на сите времиња. Тој е важен дел од Реал Мадрид и воопшто не е лесно да бидете на такво ниво толку години и да сте столб на играта на тим како Реал Мадрид“, изјави Иниста.

Во својата кариера Иниеста го носеше дресот на Шпанија во период од 2006 до 2018 година и успеа да освои две Европски првенства и еден Мундијал. За „Фуријата“ собра 131 настап и постигна 13 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот