Баварците ќе возат „Ауди“ за половина милијарда евра

twitter/FC Bayern English

Германскиот шампион ја продолжи соработката со автомобилскиот гигант.

Баерн Минхен договори нова десетгодишна соработка со познатиот производител на автомобили од Баварија. Вкупната вредност на новата соработка помеѓу германскиот шампион и „Ауди“ изнесува 500 милиони евра, или Баерн ќе инкасира по 50 милиони евра секоја година.

– Многу сум среќен поради продолжувањето на соработката со гигант како „Ауди“. За нашиот клуб овој договор е стратешки важен и претставува чекор во иднината. Баерн и „Ауди“ имаат одлична соработка повеќе од 15 години, а сега се обезбедивме таа соработка да продолжи и во наредните 10 години – изјави генералниот директор на баварците, Карл-Хајнц Румениге.
Соработката помеѓу Баерн Минхен и „Ауди“ започна 2002 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот