Баскетџиите на Србија доминираат во Токио, „седум од седум“

Фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Баскет репрезентацијата на Србија ја заврши групната фаза на Олимпискиот турнир во голем стил со максимални седум победи.

Капитенот Душан Домовиќ-Булут и соиграчите во последниот натпревар од групата ја совладаа селекцијата на Рускиот Олимписки комитет со 21:10.

Србите поведоа со 3:0 и многу брзо стекнаа недостижна предност од 11:5. Со рутинска игра мечот го одработија до самиот крај за потврда на победата.

Васиќ беше најефикасен со осум поени, Ратко и Домовиќ-Булут реализира по пет, а Мајсторовиќ три.

Србија уште во текот на вчерашниот ден го обезбеди првото место за автоматски пласман во полуфиналето. Кој ќе биде противник на српските баскетџии во борбата за финале ќе биде познат после четвртфиналните дуели во кои се сретнуваат репрезентациите од третото до шестото место на табелата.

Според програмата Србија во полуфиналето ќе игра со подобриот од пресметката Холандија – Руски Олимписки комитет, а Белгија го чека победникот од мечот Летонија – Јапонија. Полска и Кина испаднаа од натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот