Бартомеу е подготвен да си оди доколку Меси не ја напушти Барса!

фото: твитер

Жозеп Марија Бартомеу е подготвен да си оди од Барселона, да си даде оставка, но само доколку Лионел Меси вети дека ќе остане во клубот. Како што пишува шпанската „Марка“, претседателот на Барса, Бартомеу ќе направи сè со цел играчот и натаму биде дел од „Камп Ноу“.

Бартомеу не сака да биде пречка за Аргентинецот кој има договор со Барселона до јуни 2021 година.

Од моментот кога се слушна веста дека еден од најдобрите фудбалери на светот бара начин да ја напушти Барселона, една од теориите беше дека Аргентинецот води кампања против Бартомеу кого наредната пролет го чекаат тешки избори. Се чини дека Бартомеу го префрлува сиот притисок врз играчот со овој потег. Останува да се види дали и како ќе реагира Меси, но јасно е дека работите не биле како што требало да бидат во Барселона со месеци.

Се огласи и Меси: Душата ме боли ама завршив со Барса

Колку за потсетување се случи и тој бунт на играчите против кои Бартомеу наводно водел кампања во медиумите, пред самите избори, што е секогаш незгоден момент за оној што го води клубот, а секогаш има приказни дека клубот всушност го води Меси лично.

Во секој случај, Бартомеу е јасен во својот став дека нема да учествува во преговорите за продажба на Лионел Меси и дека ќе истрае во приказната за клаузулата што го обврзува заинтересираниот клуб да плати 700 милиони евра за Аргентинецот. Меси има цел тим на адвокати кои работат на „соборување“ на таа клаузула, па останува да се види колку ќе трае оваа сага околу неговото заминување или останување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот