Барселона во зимскиот преоден рок бесплатно носи три големи ѕвезди на „Камп Ноу“

Каталонскиот тим во летниот преоден рок не направи ниту еден голем трансфер бидејќи се наоѓа во големи финансиски проблеми и затоа пропаднаа обидите за ангажман на Лаутаро Мартинез од Интер и Мемфис Депај од Олимпик Лион.

Поради финансиските проблеми, челниците на Барселона во наредните два преодни рокови ќе работат во принципот на поголем дел од италијанските екипи, односно ќе носат слободни играчи или фудбалери со мало обесштетување.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона во зимскиот преоден рок ќе тргне по потписот со две големи фудбалски ѕвезди, Давид Алаба и Пол Погба.
Алаба влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, но преговорите за нов договор се прекинати поради големите разлики во барањата на фудбалерот и тоа што европскиот шампион му го нуди. Во Барселона се надеваат дека во јануари ќе успеат да ја победат конкуренцијата и ќе потпишат преддоговор со Алаба, а истиот рецепт ќе се обидат да го применат и со играчот на Манчестер јунајтед, Пол Погба.

Трета голема желба на Барселона е поранешниот играч на Реал Мадрид и актуелен на ПСЖ, Анхел ди Марија кој е голем пријател со Лионел Меси. Според весникот, челниците на Барселона веќе стапиле во контакт со агентите на Ди Марија и се интересирале дали играчот е подготвен во јануари да потпише преддоговор со каталонците и од наредната сезона да се пресели на „Камп Ноу“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот