Барселона по 58 години е на добар пат да го надмине Реал Мадрид

фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Реал Мадрид и Барселона се двете најголеми шпански екипи и едни од најголемите во светот кои водат вечна борба за превласт во сите категории, па токму затоа не е сеедно ни кој постигнал повеќе голови во историјата на Ла лига.

Што се однеснува до титулите, Реал е во предност, има 33 шампионски трофеи наспроти 26 на Барселона иако во последните 15-тина година се намали разликата. Каталонскиот тим полека му се доближува на Реал и во категоријата на постигнати голови бидејќи со појавувањето на Лионел Меси, Барселона осетно ја намалува разликата. Во прилог на Барселона и оди податокот што веќе во Реал не игра Кристијано Роналдо кој даваше по 30-тина голови по сезона. Моментно, Реал Мадрид има постигнато 6.120 голови во најквалитетното шпанско натпреварување, додека Барселона е на бројката од 6.114 голови.

Итересно е што една од двете екипи доминираше во одредени периоди, и владеењето на едниот тим значеше играчка и резултатска криза на другиот.

Барселона беше подобра во 1930-тите години и во првите години по завршувањето на Втората светска војка, но сликата се промени со доаѓањето на Алфредо ди Стефано на „Сантијаго Бернабеу“. Кога Ди Стефано пристигна во Реал Мадрид, Барселона ја имаше најголемата предост, + 43 голови во однос на Реал Мадрид, но славната генерација на „кралевите“ предводена од Ди Стефано и Пушкаш во сезоната 1960/61 ги престигна и предноста сè уште е активна до денеска.

Најголемата предност за Реал имаше во сезоната 1989/90 кога генерацијата предводена од Емилио Бутрагењо направи разлика од + 139 голови.

Меѓутоа во тие години се појави првиот дрим-тим на Барселона предводен од Јохан Кројф на клупата и Ромарио и Христо Стоичков на теренот. Барселона тогаш фати залет и во следните 10-тина година надополни околу 100 голови негатива по што на сцената се појавија првите „галактикоси“ предводени од Зидан, Роналдо, Фиго кои му донесоа доминација на Реал Мадрид.

Со појавувањето на Лионел Меси на фудбалската сцена, Барселона почна да ја намалува предноста, а Реал Мадрид одговорот го пронајде во ангажман на Кристијано Роналдо по што двајцата најдобри фудбалери на денешницата десет години водеа беспоштедна борба за титулите.

Со заминувањето на Роналдо, минатата година, Барселона повторно почна да ја намалува предоста и моментно таа изнесува само шест голови но со оглед на проблемите со реализацијата на „кралевите“, се очекува каталонскиот тим да биде подобар од Реал Мадрид барем во една категорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот