Барселона ќе прави ремонт во средниот ред

EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Екипата на Барселона планира да го освежи средниот ред во наредните два предни рокови. Управата планира да го намали бројот на фудбалери кои играат во средината, да продаде поголем дел од сегашните фудбалери и да се засили со 2-3  нови имиња.

Прво име на листата за отстрел е тоа на хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ, кој доколку не биде продаден во јануари, тогаш дефинитивно ќе го напушти „Камп Ноу“ идното лето. На трансфер листата од најзвучните имиња е уште и Артуро Видал, а дефинитивно си заминуваат уште и Муса Ваг и Алења кои не се наметнаа кај тренерот Ернесто Валверде.

Според каталонските медиумите, единствени кои нема да бидат ставени на трансфер листата се Серхио Бускетс, Серхи Роберто и Френки Де Јонг.

Управата на каталонците како прво засилување во средниот ред го планира Вилијан од Челси на кого идната година му истекува договорот со „сините“ и во Барселона би дошол како слободен фудбалер.

На списокот на желби се наоѓаат и двајца млади фудбалери кои настапуваат во Серија А, Бентанкур од Јувентус и фудбалерот на Наполи, Фабијан Руиз. Проблем во реализацијата на трансферот на Бентанкур може да претставува тоа што половина од евентуалниот трансфер треба да и припадне на Бока Јуниорс која нема намера да се откаже од својот удел за помалку од 25 милиони евра.

Првата понуда на Барселона е 40 милиони евра плус Ракитиќ, но од Јувентус сè уште не одговорија дали ја прифаќаат.
Фабијан Руиз кој игра одлично во дресот на Наполи ќе ја чини Барселона најмалку 60 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот