БАРСА НЕ ГУБИ ВРЕМЕ: Фати веднаш награден! (ФОТО)

Ансу Фати има 16 години, роден во Гвинеја Бисао, спрема новите финансиски услови ќе заработува милион евра по сезона, трипати повеќе од сега во договорот кој му истекува на крајот од сезоната.

Сензационалниот тинејџер на Барселона ќе добие нов договор на пет години, со значително зголемување на платата, пренесува весникот „АС“.

Стрелец на два голови и една асистенција, што беше знак за управата на клубот да реагира. Неговиот нов договор на Фати ќе трае до 2024 година.

Фати одигра веќе три натпревари за првиот тим на Каталонците и реализираше два голови, изминатиот викенд против Валенсија (5:2) кога за првпат беше во стартниот состав и асистираше.

Тој би требало да добие и шпанско државјанство и воедно повик за кадетската репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство во Бразил наредниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот