Барнс во Киев на средба со Зеленски

ФОТО : EPA-EFE / Вилијамс Барнс

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс е во главниот град на Украина за да се сретне со претседателот Володимир Зеленски и неговите колеги од разузнавањето. Барнс беше на безбедно во американската амбасада за време на руските ракетни напади врз Киев.

Неговото патување доаѓа по состанокот во понеделникот во Турција со неговиот колега од руската разузнавачка служба, Сергеј Наришкин.

Според официјален претставник на САД, Барнс „разговарал за неговото предупредување кој го испратил до шефот на СВР на Русија да не користи нуклеарно оружје и ја засили посветеноста на САД за поддршка на Украина во нејзината борба против руската агресија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот