Барди најдобар странски играч во историјата на Леванте!

фото:твитер

Македонскиот репрезентативец поради повреда не е дел од составот на Игор Ангеловски на трите мечеви овој месец, против Грузија, Естонија и Ерменија.

Енис Барди после триумфот над Грузијците во Тбилиси им честиташе на своите репрезентативни колеги, пласман на наредното Европско првенство.

Се надеваме дека не е сериозна неговата повреда на `рбетот и дека наскоро ќе му се врати на фудбалот.

Како што информира шпанската „Марка“, Барди е најдобриот странец во 111-годишната историја на Леванте. Тој неодамна го запиша 100 настап во дресот на Леванте, а со досегашниот учинок од 19 гола го прави најдобар стрелец од странство во овој шпански клуб.

Го надмина билансот на Мустафа кој застана на 17, воедно Македонецот е трет стрелец во Ла Лига после Моралес кој има 40 и Рожер Марти (30).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот