Бајден виртуелно ќе ја прифати претседателската номинација на демократите

Џо Бајден

Поранешниот потпретседател на САД,  Џо Бајден нема да отпатува во Висконсин поради коронавирусот, каде ќе се одржи партиска конвенција за прифаќање на претседателската номинација на демократите, изјавија партиски функционери, а конвенцијата најверојатно ќе се одржи виртуелно.

Одлуката Бајден да не дојде во Милвоки, каде демократите планираа да одржат повеќедневна конвенција на која тој би ја прифатил претседателската номинација, веројатно значи дека настаните од 17-20 август ќе се одржат речиси целосно виртуелно.

Бајден ќе ја прифати номинацијата и ќе одржи говор од својот дом во државата Делавер, објави Демократската партија.

Републиканскиот претседател Доналд Трамп, од друга страна, вчера изјави дека „веројатно” ќе одржи говор, по повод прифаќањето на претседателската номинација на републиканците, подоцна овој месец од Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот