Бајден ќе ги повлекува трупите од Авганистан

Џо Бајден /Фото: EPA-EFE/STEFANI REYNOLDS / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден одлучил да ги повлече американските трупи од Авганистан до 11 септември 2021 година, 20 години откако нападите на Ал Каеда ја предизвикаа најдолгата американска војна, изјавиле извори запознати со ова прашање.

Според некои американски медиуми, меѓу кои и „Вашингтон пост”, повлекувањето, сепак, ќе се заснова на одредени гаранции за безбедност и почитување на човековите права, рекле изворите кои побарале да останат анонимни до официјализирањето на одлуката.

Се очекува американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот министер за одбрана Лојд Остин утре во Брисел да ги известат сојузниците во НАТО.

Бајден можеби утре јавно ќе ја соопшти одлуката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот