Бајден им оддава почит на жртвите од коронавирусот со петминутен молк и палење свеќи

Фото: EPA-EFE/Anna Moneymaker / POOL

САД се очекува да ја надминат бројката од 500.000 смртни случаи како последица на ковид-19, повеќе од каде и да било во светот, објави денеска универзитет Џонс Хопкинс.

Претседателот Џо Бајден, вечерва, од Белата куќа ќе зборува за изгубените животи во пандемијата, проследено со пет минути молк и церемонија на палење свеќи.

-Луѓето ќе зборуваат со децении за ова како ужасен момент во историјата на државата, да имате толку многу луѓе да починат од респираторна инфекција, изјави доктор Ентони Фаучи во интервју за Си-Ен-Ен.

Покрај половината милион жртви, САД исто така, се први во светот според бројот на заразени со коронавирус, односно над 28 милиони лица.

Според податоците на Џонс Хопкинс, досега има над 111 милиони заразени на глобално ниво, и речиси 2,5 милиони смртни случаи како последица на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот