Баерн ќе го менува Ковач со Шпанец

EPA-EFE/BALLESTEROS

Нико Ковач, сепак, на крајот ќе го плати цехот на раната елиминација во Лигата на шампионите, и по завршување на сезоната ќе добие отказ. Според каталонскиот весник,„Мундо Депортиво“, негов наследник најверојатно ќе биде поранешниот шпански селектор и тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги.

Според „Мундо Депортиво“, директорот на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, веќе остварил средба со Лопетеги, и тоа во Мадрид, каде разговарале за евентуалната соработка.

Лопетеги е без ангажман од октомври минатата година кога поради слаби резултати доби отказ од Реал Мадрид. Неколку месеци порано, пред стартот на Светското првество во Русија, токму поради договорот со Реал Мадрид, беше сменет од селекторската функција во Шпанија.

Сепак, германските медиуми, фаворизираат уште едно име, Ерик Тен Хаг кој со Ајакс е вистински хит во Европа. Екипата се наоѓа пред пласман во финалето на ЛШ, а големи заслуги за тоа има токму Тен Хаг. Холанѓанецот има работено во Баерн Минхен, како тренер на Б тимот на Баерн Минхен од 2013 до 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот